MK AL EN

УСЛУГИ

„Виртус Елиас“ е достапна за остварување на различните потреби и барања на секој клиент. Во давањето на услуги се раководиме од идеалот за навремено и беспрекорно извршување на обврските во кое било време. Следејќи ги начелата за работење пропишани од Регулаторната комисија за домување, секогаш се стремиме да реализираме бројни поволности кои претставуваат вистинска додадена вредност на стандардните обврски кои произлегуваат од секој корисник одделно:

- Обезбедуваме детална проверка на постоечката состојба во која се наоѓа зградата. На тој начин секој сопственик на стан во зданието добива точни информации за состојбата во која се наоѓа целокупниот дел во објектот кој е во заедничка сопственост на станарите;
- Изработуваме план за одржување на заедничкиот дел од објектот и посебен план за динамиката на остварувањето на задачите и потребите на зданието, базирано на фактичката состојба во која се наоѓа зградата;
- Се грижиме за редовното одржување на зградата од секој можен аспект. Во континуитет се справуваме со хигиената во влезовите, сервисирањето и одржувањето на водоводната, канализационата и топлификационата заедничка инсталација во зградите, замената на сијалици и обезбедување резервни делови и одржување за лифтовите, изведуваме различни видови на приклучоци и молерски работи во заедничкиот дел на објектите.
- Посветени сме на редовното плаќање на сметките за заедничка потрошувачка на електрична енергија кон ЕВН. Сите трошоци за заедничкиот дел од зградата навремено ги подмируваме;
- Вршиме ефикасно застапување на корисниците на нашите услуги пред управните органи во сегментот на издавање на дозволи и согласности и во постапките за упис на недвижностите и други управни постапки поврзани со станбената зграда и земјиштето на кое истата е лоцирана;
- Стапуваме на помош при појава на проблеми при ангажирањето на обезбедување во заедничкиот дел на објектот, како и при вршење на градежни работи во рамките на истиот. Ги менаџираме сите непожелни ситуации во односот со нив, а овластени сме и за поднесување тужби при настаната штета од нивното работење;
- Воспоставуваме проактивен пристап во управувањето на објектите. За сите задачи и обврски што сме ги презеле изготвување извештаи за сработеното до корисниците на нашите услуги. Гарантираме максимална транспарентност во нашето работење;
- Приложуваме реални пресметки за трошоците кои произлегуваат од управувањето и одржувањето на зградата за секој станар. Нудиме најповолни цени за сите горенаведени услуги, а не наплаќаме непотребни трошоци кои го оптоваруваат буџетот на сопствениците на домовите.